06 Мај, 2024
0.0253

ВО ПРЕСРЕТ НА РЕБАЛАНСОТ: Буџетските проекции – список на желби !

Објавено во: Економија 20 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Заклучно со првата половина од годината, капиталните расходи кои се сметаат за носечка развојна карика во Буџетот, се остварени само 27% во однос на проекцијата, односно планот. Според економистите, на повидок е уште една загубена инвестициска година, особено во делот на владините инвестирања преку Буџетот. Ова покажува дека проекциите на хартија имаат маркетиншка а не остварлива цел, оценуваат економистите.

Повеќе пари за плати, помалку за инвестиции...

Според податоците од месечниот Извештај за реализација на Буџетот, првата половина од годинава заврши со реализација на капиталните раходи на ниво од 99,8 милиони евра, што претставува само 27,2% во однос на проекцијата зацртана во ребалансот на Буџетот 2016 година. Во однос пак на првичниот Буџет, пред ребалансот, остварувањето на капиталните инвестиции е на уште пониско ниво, од само 24% во период од половина година. Во јуни преку ставката капитални трошоци се потрошиле 14,2 милиони евра, што од почетокот на годината, заедно со месец јануари, јуни е еден од послабите инвестициски месеци. Според дел од економистите, овие показатели за сериозно потфрлување на каиталните расходи укажуваат на тоа дека оваа година може да биде и една од послабите во поглед на инвестициските активности.

„Проекциите за буџетската потрошувачка е само список на желби, доколку не се води сметка за фискалниот капацитет, т.е. за редовните извори за финансирање. Истовремено, проекциите за раст на капиталните расходи делумно се и од маркетиншки побуди, со цел да се остави подобар впечаток кај електоратот, инаку растот на капиталните трошоци зависи, не само од расположливите приходи, туку и од институционалниот капацитет за нивна реализација. Инаку растот на капиталните расходи се во функција на зголемувањe на понудата и квалитетот на јавните добра, но истовремено и во функција на зголемување на ефикасноста, а со тоа и конкурентноста на домашната економија. Но, за да се постигнат овие цели, потребно е реализација на капитални проекти со кои се обезбедува корист, т.е. повратни ефекти (повисока стапка на економски раст, раст на домашната понуда, подобрување на квалитетот, зголемување на вработеноста, стабилност на ценитe, кои во основа се основни цели на макроекономската политика“, вели универзитетскиот професор Семи Бислими.

Од друга страна, како причина за ваквите слаби остварувања на капиталните расходи, Владата ја посочува политичката криза.

„Капиталните расходи во период јануари-јуни 2016 година се реализираа во износ од 6.141 милиони денари. Во овој период од годината послабата реализација на капиталните расходи воглавно се должи на законските ограничувања кои постојат во предизборни периоди“ - се наведува во Ребалансот на Буџетот 2016 година.

Дел од капиталните проекти што беа планирани на почетокот од годината – практично „настрадаа“ со ребалансот на Буџетот. Така, средствата за изградба на хидросистемот Злетовица се намалија на 1,1 милион евра. Преку Министерството за земјоделство исто ниво на расходи остануваат за хидросистемот Лисиче но намалување има кај програмата за наводнување на јужната долина на Вардар. Намалување има и кај капиталната ставка “Инвестиции во железничката инфраструктура“ преку министерството за транспорт и врски. Имено, со првичниот Буџет беа планирани вкупно 35,8 милиони евра а сега оваа сума се сведува на 14,6 милиони евра. Помалку пари во однос на првичниот Буџет сега се планирани и за Слободните економски зони кои на располагање за годинава ќе имаат 7 милиони евра.

Од друга страна, Владата предвиде повеќе пари за проектот гасификација, кој со години се нотира во сите буџети.

“Во рамките на реализираните средства навремено се исплаќаа доспеаните обврски за сите инфраструктурни проекти, како доизградбата на автопатот-Коридор 10, инвестиции во реконструкција и доизградба на железничката инфраструктура, проекти за подобрување на инфраструктурата во образованието, здравството, комуналната инфраструктура, преку изградба на училишта, спортски сали, 7 игралишта, водоводи и канализации, како и реконструкција на здравствени објекти“ – пишува во Ребалансот на Буџетот 2016 година.

Со првичниот ребаланс на Буџетот, годинава капиталните раходи се намалија на 366,6 милиони евра. Во првичниот Буџет, оваа ставка беше позиционирана на 412,1 милион евра со што сега е намалена за 45,5 милиони евра.  Со усвоениот ребаланс на Буџетот, Владата посегна по кратење токму кај оваа ставка, додека од друга страна ги зголеми расходите за социјални трансфери и за плати и надместоци, а се зголеми и ставката за отплата на камати по основ на долгови.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години