03 Мај, 2024
0.0296

Во Софија не се многу среќни од предлогот на Силва и Вархеји, вели Шекеринска

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман околу Република Северна Македонија и за деблокирање на нејзината евоинтеграција, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во гостувањето во Само интервју на Канал 5, министерката за одбрана рече дека можат да се препознаат две добри работи - дека ЕУ активно се ангажира и дека ќе се почитува принципот идентитетските прашања да не се дел од преговарачката рамка.

Според неа, позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. Истакна дека и покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето.

Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со С Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.

„EУ покажува и дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори. Тоа е пронцип кој треба да не радува“, рече Шекеринска.

За реакциите во Софија, вели дека е од она што можела да го проследи од медиумските извештаи, Бугарија не е задоволна од предлогот на Силва и Вархеји.

„Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете“, рече Шекеринска.

Според неа, работите се уште се далеку од завршени, но радува што ЕУ се ангажира да се дојде до решение.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи