Во српските медиуми одекна изјавата на Заев за враќањето на српскиот јазик во училиштата
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021
Скоро сите српски медиуми објавија дека премиерот Зоран Заев на припадниците на српската заедница им го честиташе националниот празник Денот на Свети Сава и најави враќање на изучувањето на српскиот јазик и култура во основните училишта, како и отворање на српскиот Центар за култура во Скопје.
Повеќето српски медиуми ја пренесоа веста, при што освен честитката на Заев, ја објавуваат и честитката на претседсателот Стево Пендаровски.