Во Украина половина од руските сепаратисти се убиени или ранети

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2022
Британско разузнавање oбјави дека половина од руските сепаратистички сили се убиени или ранети.
Тие велат дека само донецката милиција изгубила 55 отсто од својата првобитна сила. Руските сили се фокусирани на освојување на целиот соседен Луганск, со цел да го опколат градот Лисичанск. Регионалниот началник Серхи Хаидаи рече дека имало „колосално уништување“ во градот. Кажа дека ситуацијата во Северодонецк е „пекол“, а околу 7.000-8.000 цивили останале таму.
Омбудсманот за човекови права во таканаречената Донецка Народна Република, Дарија Морозова минатата недела изјави дека 2.128 нејзини сили се убиени, а 8.897 се ранети.
Украинските власти денеска признаа дека руските вооружени сили „целосно ја контролираат“ Тошковка на линијата на фронтот во Донбас, пренесе АФП.
Ова село со околу 4.000 жители во источноукраинската област Луганск се наоѓа на 30 километри јужно од градот Северодонецк.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина.
foto EPA/SERGEI ILNITSKY
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ВИСОКАТА КОМАНДА НА РУСКАТА АРМИЈА - Путин разрешил двајца генерали

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ЈА ПРИСИЛАТ УКРАИНА НА ЛОШ МИР - Борис Џонсон вели дека тоа е поради економските последици

СРБИН СВЕДОК НА СТРАВИЧНИОТ НАПАД ВО ОСЛО - Седам покрај организаторот, проверува дали другите гости од странство се живи (ВИДЕО)

ИЗБОРОТ НА ЖИВОТОТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИНАТА - Ватикан ја пофали одлуката за абортусот, за Бајден ова е тажен ден за Америка

ПРАТЕНИК ОД РУСКАТА ДУМА УПАТИ МОРНИЧАВИ ЗАКАНИ КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ДРЖАВА - ако дојде до трета светска војна, вие сте први на удар
Нов земјотрес го погоди Авганистан и однесе пет жртви

Хајдаи: Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла

Поради војната во Украина на 50 милиони луѓе им се заканува глад

На руски војник ќе му се суди за убиство на цивил и силување на неговата сопруга
