Во земјата имаат над 17.000 потенцијални терористи
Објавено во: Свет 22 Август, 2017
Во Франција има над 17.000 луѓе кои се потенцијални терористи.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб во изјавата за БФМТВ, вели дека според полициското досие за луѓето пријавени поради „радикализација“, скоро една третина од нив имаат психолошко нарушувања.
Во тоа досие, што беше отворено на барање на Владата во 2015 година, има 17.400 регистрирани лица.
„Јасно е дека постои лекарска тајна и доверливоста на медицинските досиеја е нешто свето. Меѓутоа, неопходно е да се пронајде начин оние кои страдаат од тешки (психијатриски) нарушувања да не се во можност да извршат напади“- рече Коломб.
Коломб, исто така, алудираше и на вчерашниот инцидент во Марсеј, каде возачот намерно се залета на луѓето на две автобуски постојки, убивајќи едно лице и повредувајќи неколкумина од нив.
Тј рече тоа не е тероризам туку „имитација на тероризмот што е можна кај одредени лица со некое нарушување“.