30 Јуни, 2024
0.0252

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Кумановскиот Водовод и директорот на ова комунално претпријатие Оливер Стојменовски по неколку дена од објавениот текст на „Фактор“ се јавија со објаснување дека купената електрична енергија од снабдувачот Енерџи Активе со 15 отсто повисока цена од берзанската е поради тоа што никој друг не се јавувал на огласот за јавни набавки, а при тоа биле законски приморани да се снабдуваат од слободниот пазар.

На тендерот за набавка на струја, за потребите на електричните пумпи на ЈП „Водовод“ Куманово од кои кумановци пијат вода, се јавила само една фирма. При тоа е прифатена највисоката понудена цена за услуга (маржа или провизија н.з.) од 15% на цената на струјата. Зошто директорот на кумановски „Водовод“ не го поништил тендерот?

Во горенаведниот тендер на кумановски „Водовод“, ова јавно претпријатие, за услугата на снабдувачот ќе му плати до 72.000 евра провизија за струја што ја плаќа по цена од берзата.

„Тендерот за снабдување со електрична енергија односно Огласот за јавна набавка на електрична енергија бр. 06412/2024 кој беше објавен на 05.04.2024 година  не го поништивме и ја прифативме понудата на ЕНЕРЏИ АКТИВЕ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје токму заради тоа што беше единствена понуда и доколку не ја прифативме ќе требаше да склучиме договор со ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје како снабдувач во краен случај каде што маржата е 20% на цената која се плаќа според цената за струја постигната на берзата ХУПЕКС , што значи дека би плаќале повисока маржа од 5 %  од понудената на ЕНЕРЏИ АКТИВЕ.

Инаку да Ви појасниме дека во последните 2 години односно од 2022 година откако беше прогласена енергетска кризна состојба во нашата држава согласно Законот за енергетика и Правилата за снабдување на електрична енергија,  нашите објавени  огласи ( тендери)  за јавна набавка на електрична енергија  во 2022 година  беа поништени два пати согласно член 114 став (1) алинеја 2 од причина што не е поднесена ниту една понуда  а исто така и во 2023 година  тендерот се поништи 2 пати поради истиот основ.
Дури по трет пат во 2023  доставени се  2 понуди со  маржа од 19 % и 17,5 % која  на аукција се спушти на  17,3 % и на истата е  склучен договор“, гласи одговорот кој го добивме од Водовод Куманово.

Од локалното јавно претпријатие додаваат дека маржа, во околностите какви што се , изгледа далеку поповолна отколку таа што ја плаќале претходно кон снабдувачот во краен случај.

„Во периодот кога немавме снабдувач со електрична  енергија  бевме принудени да склучиме договор со
ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје  како снабдувач во краен случај каде што маржата беше 50 % над  ХУПЕКС а која  од 01.10.2022 година  се измени и наместо 50%  бидна  20%  на цената која се плаќа според цената за струја постигната на берзата ХУПЕКС,  согласно Тарифниот систем за изменување на тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува уневерзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај ( односно се измени формулата на Тарифниот систем  од “ Cm=1,5 X Cm,HUPX “ на “ Cm=1,2 XCm,HUPX“ ).“, гласи дополнителниот одговор на Водовод Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?