Вооружен маж влезе во супермаркет во Белгија
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2016
Во градот Шатлеа во валонскиот дел на Белгија, утрово е евакуиран супермаркет откако внатре влегол вооружан маж, јавуваат белгиските медиуми.
Тој веројатно сакал да изврши вооружен грабеж.
На лице место се испратени полициски сили.
Како што јавува Ројтерс, засега нема индиции дека овој инцидент е поврзан со тероризам.
Градот е лоциран на 50 км јужно од Брисел.