ВОЗИЛА НА БРЗАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА СЕ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ: Се подготвува транспортот на повредените во страшниот пожар

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 16:57
Повеќе возила на Итната медицинска помош од Бугарија пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје за да транспортираат пациенти на лекување во Бугарија. Оваа акција е дел од меѓународната помош по катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, каде што загинаа над 50 млади лица, а многумина беа повредени.
Според информациите, петмина пациенти ќе бидат упатени на лекување во Бугарија, од кои двајца од хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција ќе бидат испратени девет пациенти, од кои тројца од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ „8 Септември“. Дополнително, тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ ќе бидат транспортирани во Грција
Во моментов, осум од тешко повредените пациенти се на Меѓународниот аеродром „Скопје“, од каде што ќе бидат пренесени во болниците „Пирогов“ во Софија и Варна, Бугарија. Претходно, тројца пациенти беа транспортирани на лекување во болницата „Папаниколау“ во Солун, Грција, со возила опремени за интензивна нега
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека во болниците низ државата се хоспитализирани околу 118 повредени лица. Најголем дел од нив се сместени во Кочани и Штип, додека дел се наоѓаат во скопските клиники. Тој истакна дека болниците располагаат со доволно капацитети за згрижување на сите повредени, но дека е понудена и помош од соседните земји доколку се појави потреба.
Бугарија и Србија понудија помош за повредените во пожарот. Бугарскиот претседател, Румен Радев, изјави дека воздухопловните сили на Бугарија се во состојба на готовност за транспорт на пациенти, додека Воено-медицинската академија во Белград извести дека е подготвена да прими пациенти.
Во критична состојба се 18 повредени, меѓу кои има и малолетници. Тие се хоспитализирани во скопските болници, каде што здравствените работници го даваат максимумот за нивниот третман.
Во меѓувреме, властите работат на идентификација на починатите, меѓу кои има лица на возраст од 14 до 25 години од различни градови, вклучувајќи ги Штип, Кочани, Пробиштип и Скопје.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ПРОТЕСТ ДЕНЕС ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат конкретни промени

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Српски воен авион полета со 12 повредени кон Белград

СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И ПОД ПОСТОЈАНА МЕДИЦИНСКА НЕГА - Министерството за здравство со информација

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ИЗРАЗУВА ЦЕЛОСНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СОРАБОТКАТА СО НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ: Еве што велат од министерството

Градоначалникот на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ се сокри во дупка, ја откажал прес-конференцијата

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ПОСТАПКА НА ПРОВЕРКИ ЗА 11 ЛИЦА, ТРИ ОД НИВ СЕ ВО БОЛНИЦА ВО ПОТЕШКА СОСТОЈБА - ова се најновите детали

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СОЛУНСКАТА БОЛНИЦА: Наша сограѓанка остави телефонски број да ја контактираат
