Вознемирувачко видео: Скокаа од прозори да спасат жива глава од пожарот
Објавено во: Свет 26 Март, 2018
Бројот на жртвите од пожар кој се случи во трговскиот центар во рускиот град Кемерово, расте. Руската истражна комисија ја потврди смртта на 53 лица во пожар во трговски центар во Сибирскиот град Кемерово, објавија светските агенции. Подоцна бројот беше зголемен на 56 жртви, објави Ројтерс.
Градската болница во моментов третира 12 жртви, од кои две се во сериозна состојба, вклучувајќи едно дете. Уште 30 лица добиваат помош поради помали повреди.
Пожар се случи на четвртиот кат во трговскиот центар каде што наоѓа кино и детска игротека. Засега нема информации за причините за пожарот.
На социјалните мрежи се појави и видео во кое се гледа како едно лице за да се спаси скокна од прозор од четвртиот кат од трговкскиот.
Пожарот беше ставен под контрола по повеќе од 17 часа. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а властите отворија истрага. Околу 660 лица се вклучени во спасувачката акција. Во услови на конфузни извештаи, некои изворот на огнот го наведуваат во детска игротека во трговскиот центар, каде што некое дете запалило некаква светилка. Друга верзија, пак, сугерира дека електричните инсталации на игротеката имале краток спој.