26 Април, 2024
0.0269

Впечатливи билборди го најавија новиот станбен објект во срцето на Скопје – Riverview Residence

Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Изминатите денови на неколку локации низ Скопје се појавија впечатливи билборди опкружени со зеленило кои го најавија новиот станбен објект Riverview Residence. Носечка порака на оваа креативна кампања е „Живеј во дом опкружен со природа“, што ја симболизира одличната локација на објектот на самиот кеј на реката Вардар со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно.

Riverview Residence ќе биде уникатно место за убаво и пријатно живеење за сите оние кои сакаат да избегаат од хаосот без да го напуштат градот и да уживаат во секој дел од денот. Објектот се наоѓа во атрактивниот локалитет Криви Дол, во чиста, мирна и урбана средина, изолиран од градскиот метеж, a оддалечен на само 3 km од центарот на градот.

Оваа симпатична, урбана оаза ќе се простира на 1500 m2, со станбен објект во висина од 4 ката (П+3+По - приземје плус три ката плус поткровје), составен од 52 стана со зелени тераси, парковски површини во приземјето и сопствен подземен паркинг-простор. Становите ќе бидат со површина од 30 до 110 m2 и се поделени во три влеза.

Следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали кои објектот го вбројуваат во А-класа енергетски ефикасен објект со одлична звучна и термичка изолација.

Тоа што го прави овој објект посебен е и модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.

Зад новиот станбен објект Riverview Residence стои градежната фирма Бортас, која е препознатлива по своето реноме на компанија со висока професионалност, доверба од своите клиенти и квалитет во работењето. Со својата 27-годишна традиција, Бортас е меѓу првите градежни компании кои започнаа со градба на станбени згради на нашиот пазар. Компанијата досега има изградено 9 станбено-деловни објекти, кои се дом на околу 500 среќни и задоволни семејства.

За сите што сакаат да уживаат во дом опкружен со природа, Бортас во соработка со Стопанска банка АД Битола нуди одлична и единствена поволност за станбен кредит со 1,9 % фиксна каматна стапка за првите три години. Повеќе информации на следниот линк: http://www.bortas.com.mk/mk/building/213

Објектот Riverview Residence е во фаза на градба и се очекува да биде пуштен во употреба во втората половина на следната година. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од новиот објект.

*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет