03 Мај, 2024
0.0314

ВРАБОТЕНИ ВО ОДБРАНА И ВО АРМИЈАТА КОНЕЧНО ДО СОПСТВЕН ДОМ - ќе можат да си ги купат становите од поранешната ЈНА во кои живееле

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вработените во Министерството за одбрана и во Армијата, становите во кои живеат, а и припаѓале на поранешната Југословенска Народна Армија, конечно ќе можат да си ги откупат, по цени кои ќе ги одреди АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Тоа ќе се овозможи доколку се донесе законот за продажба на станови од поранешна ЈНА, кој како предлог до Собранието е доставен од петмина пратеници кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство. 

Вообичаено, кога власта сака некој закон да помине побрзо низ собраниска процедура, предлогот се доставува преку народни избраници од парламентарното мнозинство.

Конкретно, овој предлог закон се однесува на станови во државна сопственост кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА, или, пак, се добиени по пат на замена на недвижен имот со некогашната југословенска армија. 

Овие станови им биле доделени на користење на лица кои се вработени во Министерството за одбрана или во Армијата, или, пак, по пат на спогодба меѓу МО и некој друг работодавач кај него засновале работен однос, а претходно во МО или во АРМ работеле најмалку десет години. Законот ќе се однесува и на граѓани кои токму во МО или во АРМ го стекнале правото на пензија.

На сите овие лица становите им се доделени или од МО или од Армијата, или од Комисијата за станбени прашања на Владата, и тоа или со Решение за користење на службен стан, или со Решение за доделување, или, пак, со Договор за закуп склучен меѓу корисникот на станот и надлежен државен орган, без право на откуп, односно трајно решавање на станбеното прашање.

„Корисниците на овие станови подолг временски период не можат да ги откупат според одредбите од Законот за домување, кој е во сила. Со новиот закон нив ќе им се овозможи становите кои ги користат - да ги откупат, а со тоа трајно да го решат своето станбеното прашање“, објаснуваат предлагачите на Законот.

Покрај овие граѓани, право на откуп ќе добијат и лицата од семејното домаќинство на корисникот на станот, ако тој починал, и тоа брачен другар, деца родени во брак, деца родени вон брак, посиноци, посвоени деца, како и деца земени на издржување, доколку живееле во станот и ги исполнуваат условите за откуп предвидени во законот.

„Продажната цена на станот ќе се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот, а ќе ја утврдува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. За утврдување на продажната цена на станот, начинот на плаќањето, уплатата на средствата и заверувањето на договорот за продажба, ќе се применуваат одредбите од Законот за продажба на становите во општествена сопственост“, се вели во предлог законот.

Откупот ќе се врши со поднесување на барање од корисникот на станот или член на семејството доколку тој починал, до Комисијата за спроведување постапка за продажба на становите, формирана со решение на министерот за транспорт и врски и составена од по тројца претставници од Министерството за транспорт и врски и од Министерството за одбрана, и еден претставник од Станбеното.

Парите што ќе се добијат од продажбата на овие станови ќе бидат приход на Буџетот на земјава.

„На корисниците на становите кои нема да поднесат барање за купување на станот во рок од една година од денот на влегување во сила на законот, правото на користење на станот ќе им се трансформира во право на закуп, со склучување на договор за закуп со АД за стопанисување со станбен простор, а по претходно издадено Решение од Комисијата за станбени прашања на Владата“, се вели во предлог законот.

Предлагачите сметаат дека со законот ќе се реши долгогодишното прашање за станбено обезбедување на вработените во МО и АРМ, но и на оние што си заминале оттаму а работеле најмалку 10 години, или, пак, оние граѓани што се пензионирале.

Откако ќе се дозволи откуп на становите, Министерството за одбрана повеќе нема да им исплатува закупнина на овие граѓани на товар на Буџетот, која сега им се исплатува според одредбите на Законот за служба во Армијата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите