Добивај вести на Viber
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота и во недела (12.07 и 13.07.2014 година) на дел од булeварот Митрополит Теодосиј Гологанов на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до крстосницата со улицата Московска сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
Времениот режим се воведува поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација во периодот од 07 – 17 часот.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај, соопштува Град Скопје.