30 Април, 2024
0.0338

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Eве какво ќе биде времето до крајот на неделата

Објавено во: Стил 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во Македонија во среда идентични временски услови како и денешните. Долж повардарието од Гостивар до Тетово и од Скопје до Демир Капија како и во Кумановскиот, Светиниколскиот и Штипскиот регион ќе има појава на магла која ќе се задржи во поголем дел од денот и каде ќе биде најстудено. Во останатите предели претежно сончево и потопло. Утринските температури од -6 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 17 степени. Во Скопје во среда ќе има појава на магла која ќе се задржи во поголем дел од денот. Во попладневните часови постојат услови за појава на повремени сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 11 степени. Во четврток и петок во утринските часови и во вечерните часови ќе има појава на магла која по котлните ќе се задржи во поголем дел од денот, во останатите предели претежно сончево со дневна температура од 6 до 17, односно од 4 до 15 степени. Во сабота и недела по студените утра, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота максималната температура од 4 до 14 степени, а во недела од 5 до 15 степени.

Weather4all.com.mk