Временска прогноза за денес и наредните денови
Објавено во: Македонија 02 Август, 2018
Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и со невреме. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната од 26 до 35 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно. Утринската температура до 18, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.
Времето во петок ќе биде нестабилно, особено во западните и јужните делови, а од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура