ВРТОГЛАВ ПАД НА ФУНТАТА: Една изјава на Тереза Меј ја турна кон дно!
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2017
Британската фунта денес падна на најниско ниво од октомври, бидејќи изјавите на премиерката Тереза Меј предизвикале реакции дека Велика Британија ќе го изгуби пристапот до единствениот европски пазар, јави Блумберг.
Фунтата ослабнала во Лонодн за 0,9 отсто спрема доларот, на 1,2174 долари, најниско ниво од октомври, откако Меј во вчерашното интервју за Скај њуз наговести дека Британија веројатно ќе го напушти и единствениот европски пазар на стоки и услуги.
Таа рекла дека Британија нема да се обиде да ги задржи „парчињата“ на европското членство штом излезе од ЕУ.
Од одлуката на Британија да излезе од Европската унија на 23 јуни минатата година, фунтата изгубила речиси петтина од вредноста кон доларот.