08 Април, 2025
0.0506

Втора регионална конференција на професионални сметководители: Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2025 13:50

Добивај вести на Viber

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата.

Ова се дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители што денеска се одржува во Скопје, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). На конференцијата учествуват околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и деловниот сектор.

„Оваа конференција е многу повеќе од само уште еден професионален собир. Таа е заедничка платформа преку која се гради иднината на сметководството во нашата земја – заснована на интегритет, квалитет, дигитализација и регионална и меѓународна соработка“, рече во своето обраќање на отворањето на конференцијата претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. „Сметководствената професија се наоѓа на прагот на суштински промени. Нашата улога денес оди подалеку од традиционалните функции на пресметка и евидентирање – ние сме советници и партнери во управувањето со финансиите, во донесувањето стратешки одлуки, во управувањето со ризици и во обезбедувањето транспарентност и доверба во бизнисите, институциите и организациите“, истакна Прентоска.

Панел-дискусиите во рамки на конференцијата се посветени на имплементацијата на Меѓународните сметководствени стандарди и ESG принципите во финансиско известување, како и улогата на младите професионалци во новата ера на сметководството. Еминетни практичари од земјата и регионот ќе ги презентираат најдобрите практики и модели за примена на вештачката интелигенција и алатките за анализа на податоци од голем обем (Big Data) кои можат да придонесат за поголема ефикасност, прецизност и стратешко одлучување во сметководството, адаптирано на потребите на современото деловно опкружување.

Во фокусот на дискусиите на конференцијата се и прашањата околу тоа како да се одржи суштината на сметководствената професијата, што ја сочинуваат етиката, точноста и независноста, во услови на брзи технолошки промени.

Посебно внимание ќе биде посветено на учеството на студентите од Катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ, кои е предвидено активно да се вклучуваат во дискусиите.

„Присуството на младите на оваа конференција е силна порака дека иднината на професијата е во сигурни раце.ИСОС ќе креира простор за активно учество на студентите и младите професионалци во новата ера на сметководството во нашата земја – преку модели за собирање на нивните предлози и размислувања, но и преку можности за учење и развој на практични вештини кои ќе им помогнат на патот нивниот професионален развој“, порача претседателката на ИСОС.

Конференцијата се очекува да ја затвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Конференцијата е дел од пошироките напори на ИСОС за континуирана едукација, регионална и меѓународна соработка и зајакнување на професионалните капацитети и угледот на сметководствената професија во нашата земја.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“