Вучиќ: Aко Србија треба да го признае Косово, тогаш благодариме и довидување
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска разговараше во Давос со косовскиот претседател, Хашим Тачи при што си размениле информации за убиството на Оливер Ивановиќ.
Вучиќ изјави дека ситуацијата во која Белград и Приштина се договораат мора да биде таква што и едните и другите ќе бидат лути и незадоволни од договореното.
„Ако некој мисли дека идејата на процесот на нормализација на односите на Белград и Приштина е тоа Србија да го признае Косово, тогаш благодариме и довидување“- рече Вучиќ.
Тој нагласи дека компромисот не е само едната страна да добие што ќе посака.
За тоа дали Приштина е подготвена да напрваи компромис, рече дека не може да говори во нивно име.
Српскиот претседател смета дека конференција за прашањето со Косово може да има, но не плаши дека нема да има договор.
Вучиќ изјави дека најголем дел од разговорот со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, се однесувал на односите меѓу Белград и Приштина и дека е јасно оти Европската Унија ќе бара правно-обврзувачки документ за нормализирање на тие односи.
Вели дека Хан е многу нормален, рационален и сериозен човек, кој не го употребува зборот признавање, туку има поинаков, пообјективен и поодговорен пристап затоа што знае колку е тешко тоа прашање и за Белград и за Приштина.