Вучиќ: Ги почитувам ставовите на Иванов и Заев, сакаме ова прашање мирно да се реши
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде свој став за договорот за името меѓу Скопје и Атина.
Тој во изјава за Танјуг го истакна следното: ,,Што се однесува до Договорот меѓу Скопје и Атина, секој вид на разговор, договор, решавање по мирен пат, Србија го поддржува. Но, јас морам да ги почитувам и ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев. Ние не се мешаме во внатрешните односи и сакаме ова прашање мирно да се реши”.