Вучиќ ги повика симпатизерите на контра-митинг, Обрадовиќ најави дека Србија „влегува во опасен политички период“
Објавено во: Балкан 01 Април, 2019
Претседателот на Сојузот на Србија, Бошко Обрадовиќ, изјави денеска дека насилството на власта и ширењето на омраза против противници кулминира во Србија последните неколку недели, додавајќи дека "земјата влегува во многу опасен политички период".
Обрадовиќ рече дека периодот на „опасниот политички живот“ може да се почувствува од најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ги повика своите поддржувачи и симпатизери на Српската напредна партија да дојдат во Белград на контра-митинг, додека опозициската партија најави голем протест пред Собранието в сабота.
"Кога ншефот на државата ги повикува своите поддржувачи и симпатизери да дојдат во Белград, тоа е повик за братоубиствена војна", изјави Обрадовиќ за новинарите пред седиштето на партијата.
Тој додаде дека Вучиќ е единствениот претседател на светот кој сака граѓаните да се тепаат меѓусебно и тој заклучува дека "претседателот не е нормален".