12 Мај, 2024
0.0270

ВУЧИЌ МУ ПОРАЧА НА ХАРАДИНАЈ: Не се сили

Објавено во: Балкан 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска му порача на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај дека не треба да „се сили".

„Да се формира СЗО, ние исполнивме сѐ што ветивме, уште колку да чекаме? Ќе почекаме да видиме дали се лажговци и манипулатори. Се надевам Тачи и Харадинај ќе го исполнат ветеното“ - вели тој.

Српскиот претседател рече дека секогаш се моќни и силни со спонзорите, но дека колку и да се силат, тие ќе го чуваат мирот и стабилноста.

Харадинај деновиве изјави дека не може да има поделба и размена на територии меѓу Косово и Србија, јави „Танјуг“.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ треба да разбере дека нашето трпение не е безгранично и ќе го заштитиме нашето право“- напиша Харадинај на Фејсбук.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ реагира на изјавата на Харадинај, откако напиша во Твитер дека од изјавата станало јасно дека во Приштина на власт се лица кои не сакаат мир, туку се подготвуваат за војна.

„Харадинај е во право велејќи дека не може да има поделба и размена на територии бидејќи целата територија на Косово и Метохија е дел од Република Србија“- напиша Ѓуриќ.

Ѓуриќ изјави дека Приштина има рок од три недели да започне со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Доколку тоа не се случи, тој на прес-конференцијата во Белград изјави дека претставниците на Србите од Косово сами ќе започнат со создавањето на ЗСО.

Тој беше уапсен во Косовска Митровица, а истиот ден беше и ослободен. Но, кажа дека му се заканувале со нож, калашников на пат кон Приштина. Властите во Косово тврдеа дека не му било одобрено да ја посети Митровица. 

Неколку денови има тензии на релација Белград - Приштина, а Вучиќ неколку пати кажа дека инцидентот го дозволиле спонзорите на Косовците. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!