Вучиќ: Србија нема да стане паркинг за мигрантите
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2017
Србија не сака да се претвори во паркинг за мигрантите кои се стремат да дојдат во ЕУ, изјавил премиерот на соседна Србија Александар Вучиќ на прес-конференција со гостинот - австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
„За разлика од другите земји, ние ги исполнуваме своите ветувања за мигрантите, правиме се што можеме. Додека некои земји ветија дека ќе прифатат илјади бегалци, но не примија ниту еден човек“.
Не применуваме сила, покажуваме хуманост и солидарност. Но ние не сакаме да станеме паркинг за мигрантите и сами да ја плаќаме цената на кризата“, истакнал премиерот, цитиран од РТС.
Вучиќ истакнал дека околу 90% од мигрантите се во центри за задржување и ги повика оние кои се по улиците, да се преселат во овие центри. „Проблемот е што не сакаат, бидејќи така е полесно да стигнат до шверцерите, кои можат да ги транспортираат до посакуваните земји во ЕУ“, појаснил домаќинот.
Тој му се заблагодарил на гостинот за значителна поддршка на Австрија за Србија на нејзиниот пат кон ЕУ . За возврат Себастијан Курц истакнал дека двете земји имаат силни политички и економски врски. „Австрија има 500 активни фирми во Србија и можам да потврдам дека австриските компании ги оценуваат високо реформите во Србија. Убеден сум дека многу од претприемачите не само што ќе останат, но и ќе се продлабочи нивниот ангажман во Србија“, рекол тој.