Вук Јеремиќ: Повлекувањето на персоналoт на амбасадата е шарлатантство
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, на Твитер го кажа својот став за најновите случувања во македонско - српските односи откако беше повикан персоналот од српската амбасада во Скопје на консултации во Белград.
„Што и да се случило во Скопје, повлекувањето на целокупниот персонал на амбасадата е дипломатски дилетантизам и шарлатантство, својствено за банана државите“ – напиша Јеремиќ на Твитер.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ порача дека доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, ќе ја преиспитаат нивната одлука околу признавањето на Република Македонија под уставното име.