Вулин контра Тачи - Единствена војска на Косово е КФОР
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2017
Српското министерство за одбрана не ги прифаќа најавените ултиматуми на Хашим Тачи за формирање на косовска армија. Затоа Србија очекува од сите да се држат до одредбите на меѓународното право, како и потпишаниот договор кој гарантира мир и сигурност на просторот на Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Александар Вулин по најновата изјава на косовскиот претседател.
– Косовска војска нема да биде формирана на просторот на Косово и Метохија, на просторот на таа српска покраина е само една вооружена сила а тоа е КФОР. Јас и во седиштето на НАТО вчера реков дека за нас е апсолутно неприфатливо формирање на војска на Косово и дека и ние нема да се држиме до Резолуцијата 1244 и Војнотехничкиот договор, рече Вулин.
Тачи е убеден дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и дека на никој нема да му биде дозволено тоа да го блокира, и дека условите од Српскиот список за ова прашање никогаш не биле дел од преговорите.