VW РЕВОЛУЦИЈА: Нов е-голф чини како половен
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Произведувачот на електрични автомобили Тесла на потежок начин научи што се случува кога пазарите укинат поттикнувања за купување на електрични автомобили.
Пример е укинување на поттикнувања како оние во Данска и Хонг Конг. Одговорот е драстичен пад на продажбата.
За среќа на Тесла и останатите произведувачи на автомобили на батерии, од другата страна на Атлантикот се уште со широки раце се поттикнува купувањето на електрични возила со пари од даночни обврзници.
Колку широки? Толку да целосно нов електричен VW е-голф, кој инаку чини 28.995 американски долари, може да го добиете за - 4.495 долари или околу 3 800 евра.
Како тоа воопшто е можно? Едноставно.
Со купување на електричен автомобил поевтин од 30 000 американски долари федералната влада поттикнува со 7 500 долари даночни олеснувања и 2 500 даночен рабат. Тука е и трговскиот попуст од 7000 долари поради моделската година на автомобил (2017), а ако сте воедно клиент на компанија за дистрибуција на електрична енергија Sonoma Clean Power и имате ниски примања, конечно цената на новиот електричен автомобил може да ви се спушти на 4 495 долари.