„Yahoo“ пред банкрот – oтпушта 1500 вработени
Објавено во: Економија, Свет 03 Февруари, 2016 11:20
Американската интернет компанија „Yahoo“ е пред банкрот. За да го избегне тоа, таа ќе отпушти 1.500 работни места и ќе ги затвори своите канцеларии во Дубаи, Мексико, Буенос Аирес, Мадрид и Милано.
Личниот состав на компанијата ќе биде намален за 15%. До крајот на годината Yahoo си постави за цел да располага со 9000 работни места со полно работно време и 1000 вработени.
Компанијата ќе преземе и други мерки за намалување на трошоците. Таа ќе го пренасочи фокусот на трите главни платформи - пребарувач Yahoo, e-mail Yahoo Mail и сајтот за создавање на социјални фото албуми Tumbler.
Голем дел од поглавјата во нејзините сајтови ќе отпаднат и ќе останат главно 4 големи категории - вести, спорт, финансии и животен стил.
Приоритетни за компанијата ќе се означен раст на пазарите како САД, Канада, Велика Британија, Германија, Хонг Конг и Тајван. До мерките дојде откако акциите на компанијата паднаа, а заедно со тоа пад забележа и целокупната популарност на голем процент од табовите и управуваните сајтови од неа .
„Yahoo“ е една од првите интернет компании во светот. Таа е основана во јануари 1994 година година од двајцата студенти Џери Јанг и Дејвид Фаило. Тогаш пребарувач претставуваше мал сајт наречен „туристичкиот водич на Џери за светската мрежа“. Во 1999 година „Yahoo“ станува најпопуларниот пребарувач во светот и почнува да нуди голем број на други услуги, вклучувајќи и пошта.
Можеби ќе ве интересира
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




