За да останат младите - Нови субвенции до 4000 евра
Објавено во: Економија 07 Март, 2018
Вчера на 57-мата седница министрите, донесоа одлука за формирање
на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот
кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање
на нови работни места.
Проект ќе се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување
кредитни средства под поволни услови на правните субјекти кои сакаат да го
прошират и развијат сопствениот бизнис како и на невработените лица кои сакаат
да го решат своето вработување. Во рамки на Проектот кредитирање на правни
субјекти за отворање на нови работни места постои можност за правните субјекти
кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно
новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување
на 3 невработени млади лица до 29 години.