За два дена и Холандија ќе воведе рестрикции
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2021
И Холандија ќе воведе рестрикции затоа што уриваат рекорди со бројот на заболени од коронавирусот.
Владата во петок ќе воведе нови рестриктивни мерки поради рекордниот број на заразени случаи. Ова денеска го најави министерот за здравство Уго де Јонг. Тој вели дека стапката на инфекција е поголема од кога било.
„Приемите во болница ги надминаа нашите очекувања и сè уште не сме го виделе најлошото“, истакна Де Јонг.
Во болниците низ Холандија има околу 500 пациенти со коронавирус на интензивна нега, а вкупниот капацитет е 1.066.