За еден ден 25 починати од ковид, 642 новозаболени
Објавено во: Македонија 21 Март, 2021
Во последното деноноќие се регистрирани 642 новозаболени со коронавирусот, а биле направени 2.730 тестови, соопшти Министерството за здравство. Тоа значи дека се заболени 23,5 отсто од тестираните.
Најмногу нови регистрирани има во Скопје – 321, Прилеп и Велес - по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.
Добра вест е што има и 524 оздравени пациенти. Сепак од компликации на вирусот починале дури 25 лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово - 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.