07 Мај, 2024
0.0238

За Коѕијас договорот е патриотски, со компромис од двете страни

Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Договорот е патриотски и ни помага да ги концентрираме силите таму каде што има проблем, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас од грчкиот парламент, за време на расправата за гласање недоверба на владата, пренесе МИА.

Коѕијас објаснил дека направен компромис во решението, бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор без компромис“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на декласифицираните документи од грчкото МНР, Никос Коѕијас рекол дека добил дозвола да бидат искористени. Ги анализирал понудените предлози на Нимиц (Вардарска Македонија, Горна Македонија, Македонија – Скопје, Северна Македонија) и рече дека сите имиња освен Северна Македонија, биле отфрлени од грчките влади во минатото.

Во однос на договореното име, шефот на грчката дипломатија рече дека во минатото, токму за овој предлог владите коментирале дека е предлог за кој вреди да се разговара и преговара и се осврна на периодот во 2009.

Константинос Мицотакис рекол дека ова име може да е исходот што се бара, а министерка за надворешни работи во 2009 Дора Бакојани, во одговор до Нимиц, според Коѕијас, рекла дека „секако вреди да се продолжат преговорите за ова име“.

Шефот на грчката дипломатија го повтори ставот на владата дека најголемите опозициски партии и во двете земји имаат идентични позиции, и едните и другите ги обвинуваат владите дека дале сѐ во преговорите.

Алексис Ципрас, можеби имаме два различни договора еден за едната, еден за другата земја, се запраша Коѕијас обраќајќи му се на грчкиот премиер во однос на обвинувањата од опозициите и во Македонија и во Грција.

Во 45-минутниот говор, тој на пратениците им ги објасни главните точки од договорот што се однесуваат на јазикот, државјанството, ерга омнес и евро-атлантската интеграција на нашата земја.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста