06 Мај, 2024
0.0311

За кого навиваат кинезите на изборите во САД?

Објавено во: Свет 16 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Новинарот Жои Женг ја следи предизборната кампања во САД и реакциите меѓу кинеските читатели на случувањата во странство. Пред „Њусвик“ таа вели дека Кинезите се поделени во мислењата за Доналд Трамп, но дефинитивно се непријателски настроени кон Хилари Клинтон, за која се убедени дека е непријателски настроена кон Кина.

Клинтон одамна е на нишан во комунистичката држава. Уште во 1995-та година таа истакнува во Пекинг дека „правата на жените се човекови права и човековите права се права на жените“ - изјава што никако не и се допадна на кинеската власт и набрзина е цензурирана.

Во 2010-та година, од позиција на државен секретар, Хилари изјави цврсто дека САД имаат право на слободно поминување низ Јужното Кинеско Море, што (се разбира) беше дочекана на нож од Пекинг.

Дури и откако се повлече од должноста во администрацијата на Обама, Клинтон продолжува да ја критикува кинеската власт - претседателот Си Џинпин беше коорганизатор на средба во ОН за правата на жените минатиот септември и коментарот на американскиот претседателски кандидат на Твитер беше повеќе од категоричен: „Срамно“.

Доналд Трамп од своја страна исто така не штеди критики кон Пекинг, велејќи дека Кина ги „силува“ САД во однос на трговската соработка и се закани со 45 проценти данок на сите увозни кинески стоки.

Сепак кинеското раководство ќе биде задоволно ако Трамп стане новиот потстанар на Белата куќа. Силно контроверзната реторика е мед за ушите на комунистичката пропаганда и лесно може да се користи за пример како американскиот политички систем трпи логичен неуспех, штом луѓето како Трамп го заземаат најважниот пост во државата.

Покрај тоа бизнисменот се закани директно на сите сојузници на Вашингтон дека ќе треба да посегнат длабоко во џебовите, ако сакаат да добиваат заштита од САД. За Кина, која посакува геополитичка доминација, ова е одлична вест, бидејќи без солиден американски грб регионалните ривали Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат далеку помал „залак“ за голтање.

Ако Клинтон победи (што е се поверојатно, предвид серијата испади на Трамп), Кина дефинитивно ќе биде ставена под притисок. Политичкиот советник на Хилари, Лора Розенберг сосема јасно вели дека идната администрација на Клинтон ќе стори сé за да го ограничи кинеското влијание во азискиот регион.

Несомнено, кинеската власт ќе се сретне со „тежок“ американски претседател во лицето на Хилари Клинтон, но пак едвај ќе има којзнае какви изненадувања, откако ќе го следи преземениот во последните години курс за одржување на заемно корисни односи. Додека кај Трамп непознатите ќе бидат многу повеќе и потенцијално многу опасни.

Во секој случај, ниту Трамп ниту Клинтон гледаат на Кина како на пријател. Барем така изгледа од изјавите во предизборната кампања. Откако беше номинирана за кандидат на демократите Хилари повика: „Ако верувате дека треба да се соочиме со Кина, придружете ни се!“.

А овој говор во Јужна Филаделфија беше набљудуван во живо од повеќе кинески новинари и дипломати. И сите тие многу внимателно си водеа белешки.


Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра