За колку пари се продаде „бубата“ со потпис од Путин?
Објавено во: Свет 11 Март, 2019
„Бубата“ на која се потпиша рускиот претседател, Владимир Путин е продадена за 20.000 евра.
Тој се потпиша на автомобилот кога присуствуваше на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел. Парите од продажбата се уплатени за добротворни цели.
Кнајсел во интервју за рускиот „Комерсант“ рече дека „бубата“ е продадена на крајот од минатата година на аукција.
„Не ни припаѓаше нам, ја добивме само за свадбата и тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели“, изјави Кнајсел.
Таа рече дека ѝ било јасно дека доаѓањето на Путин ќе го привлече вниманието на медиумите.