ЗА НЕДЕЛА-НЕРАБОТЕН ДЕН ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВААТ ПРАТЕНИЦИТЕ: Одредбите од Законот треба да почнат да важат од 1 јануари
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
На дневен ред се денеска
во Собранието се измените на Законот за работни односи во второ читање со кои
се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.
Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.
Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата врз производството и откупот на земјоделските производи и врз производството и откупот на грозјето. Собранието треба да се изјасни и за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Како последна точка на денешната седница е ставен Извештајот на Европската унија за напредокот за земјата за 2021 година.