За оваа професија платата е 10.000 куни, а работници нема
Објавено во: Економија, Балкан 15 Мај, 2017
Во Хрватска еден заварувач може да заработи и до 10.000 куни, а кадар нема.
Ова занимање важи за дефицитарно во Хрватска.
Во странство за истата работа се заработува од 2.200 до 5.000 евра.
Во Борско-посавската жупанија се бараат над 200 заварувачи.
Ако се неопходни 2-3 заварувачи работодавците се снаоѓаат, но доколку се потребни 20 до 30 луѓе тогаш оди потешко и работниците од други струки не прифаќаат да работат како заварувачи.
Експертите советуваат дека мора да се работи на преквалификација и на образување на млади кадри.