08 Мај, 2024
0.0231

Ревидирање на системот на инспекциски надзор и одговорноста: Како да се придонесе за создавање поповолно деловно опкружување?

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Постоењето на поволно деловно опкружување и обезбедувањето на нормално функционирање на пазарот, како неопходност ја поставуваат потребата за соодветно применување на прописите со кои се уредува однесувањето на сите активни чинители на пазарот. Тоа не само што ќе доведе до спречување на нелојалната конкуренција и справување со „сивата“ економија, туку и ќе влијае поттикнувачки со цел деловните субјекти да го унапредуваат своето работење. Но доколку системот за контрола на однесувањето на субјектите на пазарот функционира несоодветно или пререстриктивно, во себе крие опасност да предизвика контраефекти и да стане кочничар на економскиот развој.

Истражувањето што го спроведе Стопанската комора на Македонија покажува дека состојбите во Република Македонија, кога станува збор за спроведувањето на инспекцискиот надзор и прекршочната политика, за жал, во многу ситуации повеќе се приближуваат кон негативните исклучоци наместо кон посакуваните ефекти, и тоа се должи на неколку различни причини.

Основата за ваквите состојби, пред сé, може да се лоцира во нормативната комплексност при уредувањето на ова прашање – десетици различни закони се применуваат во однос на постапувањето на инспекциските служби и прекршочната постапка која следи, додека прекршочни одредби, кои се основа за изрекувањето на санкции, се уредени во повеќе од 350 специјални закони, покрај основниот Закон за прекршоците. Ваквата комплексност создава повеќе проблеми во работењето на деловните субјекти - големиот број на прописи кои може да се применуваат го зголемуваат товарот за деловните субјекти да го усогласат своето работење со законските норми, додека постоењето на повеќе различни државни органи и овластени тела кои имаат овластување за постапување во прекршочната област отвора можност за различно толкување и креирање на различни стандарди во имплементацијата на одредени законски одредби. Впрочем, мноштвото на прописи кои може да се применуваат на определена ситуација остава простор за прешироко дискреционо постапување на инспекциските служби, ги ограничува можностите за контрола на нивното постапување, но и за утврдување на одговорност на инспекторите за нивните дејствија во постапката.

 Ова дотолку повеќе што истражувањето што го спроведе Стопанската комора на Македонија покажа дека сé уште се случува на компаниите како субјекти на надзор воопшто да не им бидат дадени никакви документи од страна на надлежните инспекциски служби пред започнувањето на надзорот, ниту им било овозможено да даваат изјави на записник и забелешки во однос на законитоста на постапката на инспекцискиот надзор, односот на инспекторот или точноста на утврдената фактичка состојба (на 15% од анкетираните компании никогаш не им била обезбедена таква можност, додека кај 26% од компаниите тоа им било овозможувано понекогаш), иако таквото постапување може да биде од суштинско значење за исходот на постапката по правни лекови и за обезбедување соодветно ниво на контрола на работењето на инспекциските служби.

Од друга страна, глобите како прекршочни санкции досега беа предмет на најголемите забелешки од страна на бизнис-заедницата, пред сé, поради големите износи кои беа уредени во одделните закони, како и непостоењето на механизми за контролирање на субјективизмот при одмерувањето на санкциите во секој поодделен случај, и ваквите забелешки сé уште се актуелни. Ова се должи на две клучни прашања.

Прво, иако важечкото решение во Законот за прекршоците воведе промени во однос на начинот на кој ќе се одмерува глобата која се изрекува, така што самиот закон изречно уредува критериуми за тоа (вкупен приход на правното лице остварен во претходната фискална година, просечен број на вработени и претходно поведение на сторителот), изречената глоба во многу случаи не соодветствува на тежината на сторениот прекршок. Имено, наведените критериуми не оставаат можност за градација на прекршокот кој ќе биде направен, па листата на критериумите кои треба да бидат исто така земени предвид при одмерувањето на глобата треба да се прошири и на околностите кои се однесуваат на тежината на сторениот прекршок, степенот на одговорност за сторениот прекршок и околностите под кои е сторен прекршокот.

Второ, во пракса висината на глобите кои се изрекуваат сé уште се несразмерно многу високи - иако Законот за прекршоците како основно решение уредува дека глобата за правно лице се изрекува во износ кој не може да биде помал од 200 евра во денарска противвредност, ниту поголем од 5.000 евра во денарска противвредност, Законот сепак ја остава отворена можноста со законот со кој се пропишува прекршокот да се пропише и повисока глоба од определените рамки со Законот за прекршоците. Со ова, се поставува прашањето која е потребата од постоењето на одредбите во Законот за прекршоците со кои се пропишува минималниот и максималниот износ на глобите за правните лица, кога во многу голем број на прописи овие граници се надминуваат неколкукратно. Имено, како lex generalis,  во Законот за прекршоци треба да биде пропишан највисокиот износ на глобите, а со останатите прописи да се остави простор да се доуредат прекршоците специфични за определената дејност која ја врши правното лице и да се пропишат глоби кои одговараат на тежината на сторениот прекршок, но истите да бидат усогласени и да не ги надминуваат рамките предвидени со Законот за прекршоци.

Од овие причини, потребно ни е темелно ревидирање на системот на инспекциски надзор и прекршочноправна одговорност, и тоа во неколку аспекти. Нормативната рамка на оваа проблематика треба да биде поедноставена, на начин на којшто ќе биде јасна и разбирлива за субјектите, но и ќе обезбеди воедначување на стандардите за толкување и применување на одредбите од страна на различните инспекциски органи. Понатаму,треба да се работи на понатамошно едуцирање на инспекциските служби за нивните овластувања и обврски при спроведувањето на надзорот, но и за правата кои субјектот на надзорот ги има во текот на оваа постапка, а кои доследно треба да бидат почитувани во постапката, но истовремено и да се обезбеди соодветно ниво на контрола над нивното спроведување во секоја поединечна постапка. Конечно, треба да се ревидира системот на прекршочни санкции  - ова опфаќа не само ревидирање на пропишаните износи на глобите, кои во многу области се` уште се несразмерно високи, туку и на унапредување на превентивното постапување од страна на инспекциските органи, и тоа не само преку изрекување на  опомени, туку и со спроведување на едукација на субјектите на кои им е изречена санкцијата, која ќе биде насочена кон укажување на направените пропусти во работењето и посочување каде да го корегираат своето работење, во насока на постигнување на целосна усогласеност на нивното работење со применливите прописи. Само на тој начин може да се придонесува за создавање на поволно деловно опкружување, кое ќе им овозможува на деловните субјекти да растат и да се развиваат.

Татјана Штерјова

Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“