За прв пат од 2008 намален бројот на блокирани сметки
Објавено во: Финансии 27 Мај, 2018
Бројот на блокирани трансакциски сметки на крајот од минатата година, коишто се во сопственост на 110.727 блокирани депоненти, изнесуваше 233.931 (или 6,1% од вкупните трансакциски сметки) и оствари годишен пад од 4,1%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
„Намалувањето на блокираните сметки се должи пред сѐ на намалениот број на блокирани сметки на правните лица, коишто на годишна основа бележат пад од 15,3% (45.431 блокирана сметка на крајот на 2017 година коишто се во сопственост на 30.265 правни лица, наспроти 53.656 блокирани сметки во сопственост на 35.339 правни лица во 2016 година).
Бројот на блокирани сметки на физички лица (188.500), коишто се во сопственост на
80.462 блокирани депоненти физички лица е намален за 1%, во однос на истиот период
од претходната година, и тоа за првпат од почетокот на глобалната економска криза во
2008 година“, соопшти НБРМ.