27 Април, 2024
0.0349

За рекордно време потполнет бројот од 400 учесници на шестиот ракометен камп "Кирил Лазаров 7"

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

И официјално пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот е завршено. Како што беше очекувано, за само 20 дена од првичната објава за пријавување на шестиот камп капацитетот од 400 кампери се исполни.

Интернационалноста оваа година ја даваат учесниците од Шведска, Данска, Холандија, Србија, Босна, Хрватска, Австрија, Романија, Германија, Словенија и Шпанија. Секако најголем број на учесници има од Македонија, што беше и првичната идеја на Лазаров од првиот камп во 2015, да учествуваат само деца од татковината.Но неговата ракометна големина од година во година го зголемува бројот на странските деца и земјите од кои тие доаѓаат. Кампот и оваа година ќе се реализира во две смени, а на него можеа да се пријават деца и младинци на возраст од 7 до 18 години. 

Локацијата е иста, прекрасниот комплекс на хотел "Аквалина" кој се наоѓа на брегот на Охридското езеро. Првата смена започнува на 19 јуни а завршува на 25 јуни, додека втората смена стартува на 25 јуни а затворањето на кампот е на 1 јули. Како и во изминативе пет години 24 часовното присуство на Лазаров во тие 14 дена е причина плус за големиот интерес да се биде дел од кампот. 

Признанијата кои доаѓаат за успешната организација и реализација на богатите содржини на кампот на капитенот, само го верификуваат квалитетот на двонеделното заедничко живеење на преку 400 учесници во име на ракометот. Така ќе биде и ова лето.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“