02 Мај, 2024
0.0267

За што ќе сведочи директорот на Фејсбук пред Конгресот на САД ?

Објавено во: Свет 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Директорот на компанијата „Фејсбук“ ќе сведочи за тоа како податоците на милион корисници завршиле во сопственост на британската компанија Кембриџ Аналитика.
Марк Цукерберг за своето сведочење пред Конгресот на САД подготвува стратегија за сведочење.

Комитетот за правосудство при Сенатот го покани Цукерберг да сведочи на 10 април, заедно со директорите на компанијата Твитер и Алфабет.

Притисокот од правниците, медиумите и јавноста стана преголем за Цукерберг лично, пред судот да не го изнесе своето мислење за аферата што ја тресе најпознатата социјална мрежа. Извори од Фејсбук веруваат дека Цукерберг одлучил да сведочи, со цел да го префрли притисок на извршните директори на Гугл и Твитер, Сундар Пичаи и Џек Дорси, за и тие да сведочат.

Цукерберг денеска го одби барањето на британските пратеници да одговори на прашања за заштитата на приватноста и пред Одборот за дигитални медиуми, култура и спорт на британскиот Парламент (ДЦМС) ги испрати својот директор за технологија Мајк Шропфера и директор за производи Крис Кокс.

Тој покана за сведочење добил и од Европскиот парламент, а Европската комисија доставила официјално барање за одговор на прашања поврзани со скандалот со Кембриџ Аналитика, меѓу кои и тоа дали личните податоци на граѓани од ЕУ ќе бидат користени понатаму и на кој начин.

Фејсбук во британскиот и американскиот печат објави оглас на цела страница на која се извинува на корисниците и изрази жал, а Цукерберг вети посилни чекори за да се ограничи пристапот до информациите од страна на трета страна.

Скандалот започна откако се обелодени дека консултантската и статистичка компанија Кембриџ Аналитика собирала податоци од 50 милиони корисници на Фејсбук и ги искористила за на Трамп да му донесе изборна победа во 2016 година. Скандалот ја погоди оваа социјална мрежа од двете страни на Атлантикот. Вредноста на акциите на Фејсбук падна на берзата, а загубата е поголема од 50 милијарди долари. Фејсбук имал повеќе од две милијарди корисници, и пред скандалот на берзата вредел повеќе од 500 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си