ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод
Објавено во: Балкан 16 Април, 2024
Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод, за кое постои сомневање дека го користеле осомничените Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) при извршување на кривичното дело, односно убиството на Данка Илиќ од Бор, јавува Мондо.
– Од внатрешноста на службениот автомобил на ЈКП „Водовод, во Бор, откриени се преку 500 траги, 400 се веќе прегледани, а уште 100 треба да се прегледаат во наредните денови. Испитани се и траги од надворешната страна на автомобилот – вели извор запознаен со истрагата.
Мајката на осомничениот Дејан денеска беше сослушана во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Таа го искористи своето законско право да не сведочи како најблиска роднина на осомничените.
Обвинителството денеска сослуша уште двајца сведоци, а за среда се планирани уште неколку. Тие се пријатели, колеги, познаници, но и роднини на осомничениот Срѓан Јанковиќ.