ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсен e и братот на еден од осомничените
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
Уапсен e и братот на еден од осомничените за убиството на малата Данка Илиќ.
Последните информации од Вишото обвинителство во Заечар се дека попладнево ќе бидат сослушани двајцата уапсени кои се осомничени за убиството на девојчето.
Сè уште интензивно се пребарува просторот на Стари Бањски пут, каде што до неодамна имаше депонија, јавува репортерот N1.
Дел од ридот вчера буквално исчезна поради употреба на механизација.
Началникот на одделот за криминалистичка полиција (УКП), Нинослав Чмолиќ кажа дека мажите прво го удриле девојчето, а потоа еден од нив го задавил и потоа го фрлиле на депонија. Двајцата работеле во комунално претпријатије и биле пијани. Откако се појави водеото од дете во Виена кое личи на Данка и е со две жени, тие мислеле дека ќе се спасат. Данка која имаше само две години, исчезна на 26 март. По 7 минути откако мајката пријавила во полиција, девојчето било убиено.