30 Април, 2024
0.0261

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате-лига. Единствени учесници од Македонија ќе бидат членовите на „Макпетрол“, Петар Заборски (-75 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.). Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на скопскиот клуб се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.

Турнирот во Каиро почнува в петок (19 април), а завршува в недела (21 април). На ова натпреварување настапуваат 32 најдобри каратисти во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел сите учесници имаат три задолжителни борби во својата група. Само прворангираните ги продолжуваат борбите во четвртфиналето.

Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор