Забрана за тешки товарни возила на овие правци
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018
Авто-мото сојузот на Македонија поради интензивни врнежи од снег, воведе забрана за тешки товарни возила на планинските премини Маврово и Стража.
Забраната е воведена по 16 часот.
Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци имаше и вчера поради снегот.
Во земјава во наредниот период се очекува снег и ниски температури.