03 Мај, 2024
0.0278

Забрчанец: Наместо да користи од неприкосновеното лидерство на Заев, СДСМ одеше на избори

Објавено во: Македонија 21 Март, 2021

Добивај вести на Viber

При ваква внатрепартиска "доминација" на Заев, СДСМ можеше и поинаку, но одлучи да вложува, наместо да печали партиски и лидерски поени.

СДСМ можеше да оди и без избори на кутија, и без ажурирање на членството, и без дигитализација, и без нови политики, пишува меѓудругото во пост на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, еден од најблиските соработници на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

СДСМ можеше да оди стандардно и конзервативно, со величање на лидерот, со покажување на неговата моќ и големина и со сѐ што гледавме изминатите 20 и кусур години наназад. СДСМ можеше и да измислува и фејка и втор и трет кандидат.

Но, наместо да користи партиски од неприкосновеното лидерство на Заев, СДСМ одлучи да вложи во демократизација на партиските навики во земјава. СДСМ одлучи изборот да биде ЗА или ПРОТИВ Заев наместо да нуди заокружување на Единствениот како единствена опција, пишува тој

Додава дека не е член на СДСМ, но силно ги поддржува демократските процеси во партијата.
Ќе иницирам СДСМ да го објави јавно моделот (системот/кодот) за организација на ваквите избори и да го направи достапен за сите политички партии, а пред сѐ за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што е добро нека биде достапно за сите. Најважната вест денес не е победата на Заев туку тоа дека денес е Денот кој партиите во Северна Македонија неминовно ќе ги "турне" напред, пишува Забрчанец.


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ