Задолжителна самоизолација се до добивање на резултатот од тестирањето
Објавено во: Македонија 19 Април, 2020
Владата има намера правно да го нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19.
Карантинот за истите би траел најмалку до моментот на добивање на резултатот од тестирањето, согласно епидемиолошката анкета.
Владата на синоќешната седница за таа цел го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница да достави предлог – уредба со законска сила.