05 Мај, 2024
0.0333

Заев: 10.000 работници ќе мора да одат во задолжителна пензија

Објавено во: Економија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев по денешната средба со стопанските комори рече дека 10.000 работници постари од 64 години, односно од 62, ќе мора да одат во задолжителна пензија со законот кој ќе биде изгласан во првите 100 дена од новата Влада.

- Станува збор за 10.300 работници кои се уште работат, според последните податоци кои ги добув од Министерството за информатичко општество и администрација. Но треба да се знае дека тука има варијабли, како универзитетски професори и здравствени работници, кои нема да бидат опфатени со законот. Според тоа, груба пресметка е дека станува збор за околу 10.000, рече Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Претходно, зборувајќи на темата за рационализација на јавната админстрација, шефот на Владата рече дека ќе се укине можноста некој вработен и по навршувањето на годините за пензионирање да може да остане на работа, опција која сега ја има. Заев сепак рече дека исклучок од ова ќе бидат здравствените работници

„Законот ќе биде изгласан од првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри. Потоа ќе има можност за предвремено пензионирање со пет години порано одење во пензија, но и можност за префрлување на некои административци во приватниот сектор, во соработка со стопанските комори за поголеми плати таму, рече Заев изминатиот викенд.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години