Заев: Акцијата во Љуботен нема меѓуетнички контекст, градоначалникот на Ново Село беше в затвор
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев на денешната седница, одговарајќи на реплика на пратеникот Илија Димовски, рече дека акцијата на финансиска полиција и на Царинската управа во скопскоцрногорското село Љуботен нема етнички контекст и не е насочена против Албанците.
- Се работи за шверц на тутун од 13,6 тона. Тој не е произведен во Љуботен. И ова не е единствена акција до сега за нелегален шверц. Градоначалникот на Ново Село, кој беше од наши редови, беше уапсен за шверц на тутунски производи. И одлежа шест месеци затвор за тоа. Може е малку, но во ваше време се добиваа само условни казни - рече Заев од говорницата.
Станува збор за случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчевски, кој потоа си даде оставка и беа организирани нови локални избори во истата општина.