Заев до пратениците: Секој глас „против“ е глас за изолација
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019
Премиерот Зоран Заев на седницата за уставни измени попладнево изјави дека ќе имаме име кое ќе биде признаено од сите.
Вели дека патриотизам е кога се градат патишта за идните генерации.
Заев рече дека ова е само еден од убавите денови кои ја чекаат Македонија.
„Вашата одлука е меѓу овие два избори“, им порача Заев на пратениците.
Рече дека гласот „За“ ја става Макеоднија во НАТО и кон ЕУ. Секој глас „против“ е глас за изолација, додаде премиерот.
Седницата продолжува утре во 13 часот. Сите пратеници ќе добијат стенограми од говорот од премиерот Заев.