26 Април, 2024
0.0337

Заев го налути Павлопулос, не сака да слушне за изучување македонски јазик

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа, изјави претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, на средбата со неговиот словенечки колега, Борут Пахор.

Павлопулос ги коментираше, како што рече „неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија“.

Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тект бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, чистата сметка, парави добри пријатели“, рече Павлопулос.

Грчкиот претседател ги повтори и неговите позиции поврзани со трите грчки т.н. национални прашања, а меѓу нив и спорот со името и Договорот од Преспа, додека пак претседателот на Словенија го спомена Западен Балкан.

Словенечкиот претседател Пахор, на покана на неговиот грчки колега, од денеска е во дводневна официјална посета на Грција.

Павлопулос рече дека само откако ќе заврши уставната ревизија согласно Договорот од Преспа, тогаш договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ.

Рече дека Атина се стреми кон пријателски и добрососедски односи и “во пракса покажува дека ја поддржува перспективата во НАТО и Европската унија”. Но, додаде дека во однос на ова постои еден важен предуслов, решавање на прашањето со името и го спомена Договорот од Преспа.

Тој не прецизираше за што се работи и на што точно мисли. 

Премиерот Зоран Заев во саботата од собраниската говорница изјави дека на Македонците во Грција ќе им се помогне со овој договор. Рече дека има шанси да се учи таму и македонскиот јазик. Грчкото МНР подготвува протестна нота. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната