29 Април, 2024
0.0287

Заев: Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство, верувам дека до крајот на викендот Владата може да го пушти законот со прифатените забелешки и сугестии на сите пратенички групи. Парламентот да ги искористи трите дена, понеделник, вторник и среда да го гласаме. Тоа не го нарушува воопшто датумот за одржувањето на изборите, изјави лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев.

Посочи дека разговарал со сите пратенички групи и дека се поприлично блиску и останува само да го видат конечното целосно решение за да се согласат.

-Апелирам до сите. Од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив. Имаме квалитетно законско решение. Консултирано е со стручни служби од јавното обвинителство до највисоко ниво, е применлив и нема да направи никаква штета. Напротив, ќе ја организира државата онака како што треба. Ми дава за право да верувам дека можеме да смогнеме сили да го донесеме Законот. Внатре имаме фер и еднаков третман за сите, изјави Заев.

Во однос на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за експертско решение за Законот за ЈО, Заев рече дека две години разговараат и нема ниту еден предлог и решение

– Експерти после две години? Па јас две години разговарам со господинот Мицкоски. Едно решение да дадоа, да видев едно решение да дадоа. Експертите им се сите на располагање. Две години поминаа. Па каква е сериозноста и пораката кон граѓаните. Несериозно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и таквото несериозно однесување ќе се докаже и на изборите, изјави Заев.

Повторно нагласи дека изборите ќе се одржат на 12 април, потсетувајќи дека постои можност само за одложување на распуштањето на Парламентот.

– Парламентот дали ќе се распушти на 12 или на 14, 17 законот тоа го дозволува. Како што речеТалат Џафери важно е да се запазат неопходните рокови на ДИК за спроведување на изборите. Тие се некои 52-3 дена, изјави Заев.

Изрази уверување дека може навремено да се завршат работите, вклучително и гласањето на законот за ЈО, ратификација на НАТО протоколот и Законот за одбрана.

Во однос на промените на изборните единици, рече дека проблемот е што нема аргументи за каков било договор, бидејќи податоците кои ги имаме се од пописот во 2001 година.

– Ако нешто тргнете да менувате мора да има соодветна база. Кој податок да го земеме. Можеме да направиме само непоправлива штета во делот на нерамномерната застапеност во Парламентот. Некаде може да имаме 20 мандати од една изборна единица на излезени 140 илјади гласачи, а некаде 20 мандати на 240 илјади гласачи. Тоа не е еднаква застапеност во Парламентот. Волја има, но неможеме тоа да го аргументираме ниту законски, ниту пред народот, зошто нема податок што може да го земеме што ќе биде основа за промена на границите на изборните единици, изјави Заев.

За точката за распуштање на Парламентот, рече дека треба сите да ја гласаат како што е договорено.

– Ако дотогаш протоколот за НАТО не е изгласан, зарем треба да го распуштиме Парламентот? Не, треба да го изгласаме протоколот за НАТО, треба да го изгласаме Законот за одбрана и треба да го ставиме на гласање Законот за ЈО. Многу важни работи за нашата интеграција за НАТО и ЕУ. Најмалку, да бидеме одговорни пред своите граѓани, ќе направиме обид за гласање на овие закони, изјави Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“