03 Мај, 2024
0.0323

Заев ќе побара пари од Кина, се разгледуваат проекти

Објавено во: Финансии 08 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија може да обебеди финансиска поддршка од Кина за одреден проект и да го искористи најновиот Самит во Софија каде што земјите од регионот потпишуваат договори и преговаараат со кинеските компании, фондови и државни банки.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски веќе присуствуваа на 7.Самит на шефови на влади рече дека биле претставени проекти од патната и железниката инфраструктура.

Драго ми е што конечно кинеските компании се подготвени да учествуваат на тендери, а не по пат на преговори во четири очи, изјави премиерот Зоран Заев во Софија, каде што учествуваше на 7. Самит на шефови на влади од процесот на соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Овој значаен собир, рече, ги потврди големите инвестициски можности што стојат на располагање преку евтините кредитни линии наменети за целиот регион од кинеските банки преку процесите Патот на свилата и Иницијативата 16+1.

- Ќе ја искористиме оваа значајна можност заедно со министрите да претставиме неколку капитални проекти што се од патната и железничката инфраструктура на кои може да воспоставиме соработка, но и ќе ја искористиме оваа прилика да ги зголемиме можностите за унапредување на културната соработка помеѓу Република Македонија, НР Кина и земјите од ЦИЕ, нагласи Заев. 

Како што информира владината прес-служба, на пленарната сесија Заев им соопшти на премиерите дека во март се отвори Центарот за координација на културната соработка на земјите од Источна и Централна Европа со НР Кина. Овој Центар, според него, е одлична можност за промоција и унапредување на соработката и за зацврстување и продлабочување на релациите меѓу земјите во областа на културата, што има централна улога во унапредување на меѓусебното разбирање и продуктивниот дијалог.

 - Со Народна Република Кина оваа година навршуваме 25 години од воспоставувањето дипломатски релации и во тој дух ја искористив приликата да ја изразам нашата безрезервна благодарност за поддршката што ја добиваме од Кина и ја потенцирав цврстата заложба за продолжување на плодната соработка. Убеден сум дека од овој Самит ќе произлезат многу нови иницијативи и идеи кои ќе ја зацврстат и унапредат соработката, како и поврзувањето и комуникацијата меѓу граѓаните од нашите земји, истакна премиерот Заев. 


Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа