05 Мај, 2024
0.0266

Заев: Македонија ќе биде неутрална на следното изјаснување за приемот на Косово во УНЕСКО

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјавил дека Македонија на следното гласање за членството на Косово во УНЕСКО ќе биде неутрална, објавија српските медиуми.

Заев во изјава за ТВ Прва, на прашањето за тоа како ќе гласа Македонија за време на следното изјаснување за приемот на Косово во УНЕСКО, кратко одговорил „неутрално“.

Заев за ТВ Прва изјавил дека сака да гради добри односи и додал дека доколку „претерал“ во изјавите кои неодамна ги даде на сметка на властите во Србија, подготвен е да ги повлече, ако тие предизвикале „лошо чувство кај политичарите“.

Медиумите во соседна Србија потсетуваат дека македонската влада уште во 2008 година донела одлука за поддршка на независноста на Косово, со што претходно ја потврди одлуката на македонскиот Парламент. Официјално Скопје пред две години, во 2015 година го поддржа и приемот на Косово во УНЕСКО.

На прашањето дали албанските политички партнери му рекле дека тужбата за геноцид е дел од нивната програма, Заев рекол дека не му го кажале тоа, и дека „тие можат да даваат какви било политички изјави“. 

Заев вели дека политичарите треба да гледаат напред. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца